Денеска во кривичниот суд е закажано рочиште за случајот Сопот. Минатото рочиште беше одложено поради тоа што личната карта на сведокот Рамадан Бајрами беше со изминат датум на важност.
Предметот „Сопот“ е отворен во 2003 година кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа кога теренско возило на НАТО нагази на мина. Во овој случај десет лица се осудени за тероризам. Тие се товарат дека во 2003 година подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево-Сопот.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јули годинава му го предаде предметот „Сопот“ на СЈО, откако во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со овој случај.