На 03.04.2024 во 21.00 часот во ОВР Прилеп, полициски службеници ги лишиле од слобода Н.Т.(39), В.А.(47) и З.Д.(41), сите од Прилеп, затоа што пред угостотелски објект во Прилеп го нарушувале јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Истиот ден во 10.30 часот во ОВР прилеп, Џ.А.(34) од Прилеп пријавил дека во населба „Три багреми“ бил физички нападнат од В.А.. Се преземаат мерки за расчистување и на овој настан.