ВИДЕО – Николоски: Прилеп ќе добие 32 милиони евра, завршување на Прилеп-Градско, изградба на обиколница за тешки товарни возила, автопат до Битола


Денеска од Прилеп да го најавиме големиот народен митинг кој ќе се случува тука во понеделник во 20:30 часот, би сакал да ги поканам сите жители на општина Прилеп и околните општини да ни се придружат, да слушнат и од мене и од претседателот на партијата Христијан Мицковски и од идната претседателка Гордана Силјановска Давкова зошто на Македонија ѝ се потребни промени и зошто Македонија треба да е повторно горда и зошто Гордана Силјановска Дафкова е најдобриот избор за претседател на Македонија, истакна денеска во Прилеп, носителот на листа за ИЕ4 од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

„Во таа насока можам да кажам дека денес имаме исклучително плоден ден, со задоволство можам да кажам дека во населеното место Канатларци, благодарение на работата на градоначалникот и Советот решивме децениски проблем. Имено, од денеска граѓаните имаат чиста вода за пиење која стига до секоја куќа во Канатларци, што е решавање на деценискиот проблем. За Канатларци веројатно Стево Пендаровски ниту слушнал во животот, ниту знае каде е на мапата, но ние ги решаваме проблемите“, рече Николоски.

Тој потенцираше декаво насока на решавање на проблемите во следниот период се планирало многу работи за Прилеп.

„Согласно нашата идеја за децентрализација на финансиските средства, Општина Прилеп во еден инвестициски циклус од 4 години директно од државата ќе добива по 8 милиони евра, што е најмалку 32 милиони евра само за општина Прилеп, што значи само во рок од  4 години треба да ги решиме сите инфраструктурни прашања во општината. Дополнително на ова, се залагаме за уште неколку клучни проекти за Прилеп и пелагонискиот регион. Прво е конечно завршување на експресниот пат од Градско до Прилеп, тоа е пат кој 7 години СДСМ и ДУИ не можат да го завршат и е пат симбол за неспособноста. Ветуваме дека во рок од најмногу 2 години комплетно ќе биде завршен експресниот пат во трите делници кои одат од Градско до Прилеп, во моментот се градат првите 2 со многу спора динамика, а третата воопшто не е почната. Ние ветуваме дека во рок од најмногу 2 години ќе има експресен пат од Градско до Прилеп. Како што ветуваме исто така дека во рок од 4 до 5 години ќе се изгради автопат од Прилеп до Битола и до границата со Грција, а исто така ветуваме дека ќе изградиме обиколница на градот Прилеп со која ќе се растерети товарниот сообраќај во Прилеп“, додаде Николоски.

Николоски најави и промени во прилепската болница доколку победат на изборите.

„Она што можам да го кажам на многумина кои ме среќаваат деновиве, планираме драстично зголемување на пензиите. Имено, пензионерите ќе добијат само во првата година зголемување од најмалку 5.000 денари, а планираме и сериозно да се посветиме на здравството. Болницата во Прилеп чиј директор е поставен уште во времето на Венко Филипче, која држи неславни рекорди во време на корона кризата ќе добие комплетно нов систем на организација, кој пред се’ ќе значи кинење на корупцијата, да најавам дека за тоа многу ќе зборувам во следниот период, со цел прилепчани и сите оние кои гравитираат на прилепската болница да добијат соодветна здравствена заштита“, кажа Николоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи