Дозволете ми најнапред да ви честитам за храброста и одлучноста во текот на вчерашниот ден. Вие уште еднаш покажавте дека секогаш кога било најпотребно, ја избирате вистинската страна, истакна денеска претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и кандидат за пратеник во ИЕ4.
„Преку масовната поддршка на професорката Гордана Силјановска Давкова, која со сигурност ќе биде иден претседател на Република Македонија, го трасиравте патот на промените и враќање назад нема. Ве повикувам на 8-ми мај, во уште поголем број, да гласате за број. Број за Гордана Силјановска Давковка и број 2 за Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Македонија повторно ќе биде горда“, потенцираше Проданоски.