После овој резултат на претседателските избори ние не паѓаме во духот, одиме на првичната замисла, а тоа е двоцифрен број на пратеници на Левица затоа што сметаме дека парламентарните се нашите избори и двајцата пратеници на Левица ја заслужија довербата и ќе бидеме единствена партија која што ќе расте на овие избори, истакна вечерва во Прилеп лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
„Очекуваме во ИЕ 4 да влезат овие кандидати минимум, а можеби и трет пратеник. Не се обескуражуваме од постигнатиот резултат на претседателските избори затоа што тој реално беше и очекуван. Ако споредиме со од минатите парламентарни избори кога имавме 37.000 гласови сега имаме 42.000 гласови, очекуваме над 80.000 гласови на парламентарни што би довело некаде од 8 до 10 пратеници. Во 4-ка очекуваме минимум двајца пратеници и тоа се нашите перцепции и очекувања за овие избори.
Главната порака е да заокружат 5 и да дозволат млади и неподмитливи луѓе да ги застапуваат бидејќи доста ни е од веќе видени пратеници и од веќе видено гласање за помалото зло. Значи конечно одважете се македонски народе и гласајте за добро, односно за поголем број пратеници на Левица во Собранието, затоа што на таков начин ние ќе спречиме многу штетни политики. Видовте со двајца што направивме може да замислите што ќе направиме со 8, 10 или 12 пратеници. Тако што тоа е мојата кратка порака до народот“, рече Апсиев.