ВИДЕО – Дали се во опасност 4-те извори за вода на Прилеп – протест кај Ореовец против новиот ископ на Бехтел и Енка


Граѓани од Прилеп и жители на селото Оревоец денеска излегоа на протест поради новиот ископ кој што веднаш над самото село го започнува конзорциумот Бехтел и Енка кој треба да го гради новиот автопат Прилеп-Битола. Загрижените граѓани велат дека овој коп и најавеното минирање може да доведе до трајно уништување на 4 единствени сопствени извори на вода кои ги има Прилеп, Пашовски ливади, Леково, Пештерица и Душница. Остатокот на потребите за вода Прилеп ги задоволува од „Студенчица“ чиј извор е во Кичево, а со климатските промени неговата издашност се намалува.

„Значи не може мирно да седиме како прилепчани и да дозволуваме на некој под изговор дека вашата Влада потпиша и вашата Влада е наш налогодавач. Ние не знаеме кој им потпишал но знаеме дека некој ни чепка во онаа вода која ја имаме за пиење која и онака и е далеку количините кои ни се потребни. Што мислите ако дојде до криза со овие сушни периоди, дали мислите дека кичевчани ќе ни дадат вода од Студенчица или ќе си ја чуваат за себе, затоа треба да си ги чуваме нашите извори“, изјави Ѓорѓи Георгиоски, член на Комитет за заштита на природното и културното наследство на Македонија.

Жителите велат дека никој не им кажал за што и колку време ќе копа. Прашуваат доколку ископувањата е за тампон зошто истиот не се зема од соседните рудници каде го има во изобилие.

„Како е тоа поевтино да отвориш наново рудник, да отвориш една толку голема грдосија од база, да донесиш толку механизација со сите трошоци кои ги сноси ваков зафат, него на километар и половина од тука, ако ја гледат оваа друга грдосија која некој пај друг ни ја направи само да појдат да си товарат и да си земат? И второ за каков тампон разговараме ако немаме никаков документ ва видиме каде е патот, кога нема ни околчено пат, а некој копа за тампон“, додаде Георгиоски.

 

„Го проширија патот, го искршија асфалтот, гледаме дека сега ќе минираат на 100-тина метри воздушно од првата населена куќа. И немаме никаков документ, ниту соопштение од локалната или централната власт што се случува во селото, колку време ќе трае ова и за што се дојдени Бехтел и Енка“, изјави Рубин Рујаноски, жител на село Ореовец.

За целата ситуација од Бехтел и Енка ни рекоа да побараме одговор од ЈПДП каде упативме меил со прашања, но до овој момент не добивме одговор. За вечер е најавен голем протест под Градскиот саат во Прилеп во 19 часот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи