Тука сме на лице место за да ги разобличиме лагите кои социјалдемократите се обидуваат да ги пласираат во реалноста. Овде во Дреновската клисура, каде сме на самиот старт на почетни градежни активности, а за кои слушнавме дека во 90% експресниот пат е завршен, изјави на денешната прес конференција Дејан Проданоски, кандидат за пратеник од ВМРО ДПМНЕ.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
Разобличување на лагите на Венко Филипче и Благој Бочварски. Експресниот пат Градско-Прилеп ни од далеку не е готов. Еве ја сликата од терен денес! Седум години не успеаа да го изградат и на крај брутално лажат користејќи снимки од други патишта.
Да ставиме крај на лагите на 8 мај!Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Saturday, May 4, 2024
„Овие се истите лаги, исти како оние на почетокот на нивниот мандат кога Фејсбук и Гугл чекаа на граница, истите лаги како фабриката за автомобили во Тетово. Македонските граѓани треба да видат и да знаат дека овде, на ова место е сам старт на почеток на градежни активности, не е видлив ниту крајот на она што тие сакаат да го пласираат.
Да не зборувам тука и за третата фаза од експресниот пат за која има обезбедено средства и за која можеше истата да биде завршена ако не беа платени пеналите кон компанијата на која што и се бараше рекет за да остане да го гради патот и се изгуби значително голем период од изградба на патот и барање на друга компанија.
Почитувани сограѓани, на лагите на социјалдемократите им нема крај. Но овие лаги мора да завршат. Затоа на 8 мај ве повикувам сите да заокружите број 2 за да и ова автопатско решение биде завршено и биде ставено во функција на секој граѓанин на Република Македонија“, рече Проданоски.