Екипата на Туминец победник на турнирот во мал фудбал во Мала Преспа посветен Преспанскиот херој – Васил Јанкула

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Екипата на селото Туминец е победник на годинешниот традиционален турнир во мал фудбал кој се одржа во Мала Преспа, Општина Пустец, Албанија на кој што учествуваа екипи од сите 9 македонски села кои гравитираат во овој регион: Туминец, Долна Горица, Горна Горица, Пустец, Леска, Шулин, Зрноско и Церје.

Годинава турнирот беше посветен на Преспанскиот херој – Васил Јанкула кој почина пред 1 месец, а кој потекнува токму од селото Туминец.

Васил Јанкула живееше во Ресен и беше лице со церебрална парализа. Неговото мото беше „Сите сме исти“ и секогаш се бореше за подобра инклузија на лицата со посебни потреби во нашето општество. За да ја потврди и докаже оваа негова цел направи голем  број подвизи од кои најголем е оној кога со својот трицикл за само 7 дена помина над 800 км. обиколувајќи ја цела Западна Македонија започнувајќи од Ресен, преку Битола, Прилеп, Градско, Скопје, Тетово, Гостивар, Маврово, Дебар, Струга, Охрид и преку Галичица повторно да се врати дома.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира