Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и автоматска пушка

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

На 05.05.2024 околу 21.30 часот на регионалниот пат Дебар – Струга, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Џепиште во координација со Одделението за прекуграничен криминал при Регионалниот центар за гранични работи Запад – Дебар ги лишиле од слобода Б.С.(34) и Д.Н.(36), двајцата од Прилеп.

При преглед во возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки на рент а кар компанија, кое го управувал  Б.С., а сопатник бил Д.Н., биле пронајдени и одземени една торба со над три килограми марихуана и автоматска пушка со празна рамка. 

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми