Апел на СВР Битола за безбедно одбележување на полуматурските и матурските прослави

Во интерес на безбедноста на сите граѓани, а посебно за безбедно прославување на матурските и полуматурските вечери, Секторот за внатрешни работи Битола апелира до сите учесници во сообраќајот, а посебно матурантите кои имаат стекнато право за управување со моторно возило, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со посебен акцент на неконсумирање на алкохол доколку се управува возило и приспособување на брзината спрема условите и состојбата на патот; да не се управуваат моторни возила без претходно положен возачки испит.

Покрај ова, СВР Битола посебно внимание обрнува на јавниот ред и мир за време на прославите, при што се препорачува да се избегнува учество, предизвикување или поттикнување друго лице на тепачка, оддавање на пијанство на јавно место или нарушување на јавниот ред и мир во пијана состојба.

„Воедно, предупредуваме дека не е дозволена употреба на огнено оружје и пиротехнички средства, а до сопствениците и вработените во угостителските објекти апелираме да се придржуваат кон пропишаните законски одредби, како што се: да не се дозволи нарушување на јавниот ред и мир во објектот (тепачки, физички напади, гласна музика, оддавање на пијанство и точење алкохол на лица кои се под дејство на алкохол и сл.), да не се дозволува присуство на малолетници после 24 часот или точење на алкохол на малолетници и сл., а советуваме навремено пријавување на секој настан на телефонскиот број 112 или 192“, велат од СВР Битола.

Секторот за внатрешни работи Битола воедно им ја честита полуматурата и матурата на сите од генерацијата 2023-2024 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи