Кривичен: На Мијалков да не му се суди за „Тортура“

Facebook
Twitter
Email
Print

Основниот суд Скопје 1 Скопје одлучи делумно да го прифати обвинението на Специјалното јавно обвинителство „Тортура“, за примената на полициска бруталност при апсењето на Љубе Бошковски. Според одлуката на Кривичниот суд, на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, како обвинет од СЈО, нема да му се суди за неговата инволвираност во случајот.

 

Советот за оценка на обвинителниот акт го одобрил обвинението само за шестмина обвинети, припадници на полициската единица „Алфи“. На ваквата одлука ќе следи жалба од Специјалното јавно обвинителство кое сите седум обвинети ги товари за кривичното дело мачење и друго сурово постапување.

 

Доказ во овој случај ќе бидат прислушуваните разговори кои ги објави СДСМ. Станува збор за околу 35 снимки. Еден од разговорите е меѓу Мијалков и новинарот Драган Павловиќ-Латас.

 

Таков беше епилогот и во „Титаник 2“, каде судот одлучи да им се суди на членови на Државната изборна комисија, но го одби обвинението за управните судии осомничени за злоупотреба на службената положба. Специјалното обвинителство се жалеше и за таа одлука, но скопска Апелација се уште нема донесено одлука.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи