ВИДЕО – Одлична забава за 100 роденден на Прилепска пиварница – граѓаните со честититки за јубилејот – Златен Даб и Крали Марко најдобри пива



Со одличен концерт, огромна музичка сцена и многу многу забава синоќа во Прилеп Прилепска пиварница одбележа 100 години од своето постоење. Публиката ја забавуваа ДНК, Тропико Бенд и Марија Шерифовиќ, а пивата Златен Даб и Крали Марко од 0.5 литри се продаваа по симболична цена од само 50 денари.

Значи штом 100 години продаваат пиво, значи многу народ го пие, значи на тој народ му се допаѓа тоа пиво. Во оваа земја 20 години да издржиш треба да ти изградат споменик, не па 100 години. Не 100 туку уште 100-тици години верувам дека ќе издржи Прилепска Пиварница затоа што имаат многу добро пиво“, изјави Андреј Ѓорѓиески – ДНК.

 

„Многу добро позната публика, веќе сме стари другари, се дружиме долго време. Сакам да и го честитам 100 роденден на Прилепска Пиварница“, изјави Александар Цветковиќ – Тропико бенд.

 

„Се радувамн на доаѓањето во Македонија вие сте добри, мили и топли луѓе, тоа е особено важно затоа што каде и да одам луѓето се се повеќе ладни и ладни“, потенцираше, Марија Шерифовиќ, музичар.

Граѓаните кои ги имаше од цела Маледонија и го честитаа овој значаен јубичеј на Прилепска Пиварница и уште еднаш потенцираа дека Прилеп ги има најдобите домашни пива: Златен Даб и Крали Марко.

Супер е забавата, со супер организација“, вели еден посетител на настанот.

 

„Сипер е, се е одлично, одлична атмосфера, прекрасно“, додаде друг граѓанин.

 

„Одличен избор на музика, еве ја чекаме Марија, но ги сакаме и и го слушаме и ДНК“; истакна една прилепчанка.

 

„Пивото е најдопбро пиво во Македонија, Златен Даб и Крали Марко“, кажа еден од посетителите на настанот.

 

„Порачувам да пијат Крали Марко и Златен Даб, најдбрите пива во Македонија“, додаде друг посетител.

Прилепска Пиварница е вистинска македонска гордост затоа што ретки се компаниите не само во Македонија туку и во поширокиот регион кои можат да се пофалат со еден еден век постоење.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи