ВИДЕО – Пожарот во Мариово продолжува со силен интензитет, во опасност селата Крушевица и Пештани


Пожарот во Мариово, кој е најголемиот пожар во историјата на Прилеп, и денеска продолжува со несмален интензитет. Линијата на огнот постојано се зголемува и таа се движи од 30 до 40 км, а површината опфатена со оваа огнена стихија е огромна. Во опасност се уште се наоѓаат повеќе населени места, особено селата Крушевица и Пештани каде денес се стационирани поголем број на пожарникари, како и припадници на армијата и полицијата.

„Критично е кај селото Крушевица загрозено е од два фронта. Меѓутоа таму имаме лоцирано доста екипи, прустуна е и армијата која денеска излезе со 50 припадници. Лоцирани се и специјалните единици на полицијата и навистина вложувата надпросечни напори овој пожар да не слезе до самото село. Исто така пожарот за кој што вчера рековме дека нема опасност кај селото Пештани сега повторно ветерот го смени правецот на пожарот и пак се движи кон селото Пештани каде исто така имаме лоцирани пожарникари“, истакна Ирена Стерјоска Локвенец, началник на Кризен штаб.

Пожар има и кај репетиторите кај селото Штавица, но таму исто така противпожарни екипи вложуваат напори тој да не ја зафати боровата шума. Опасност постои и пожарот од Крушевица да се префрли кон битолското село Орле. Голем оган во моментов слегува ио кон манастирот Прилеппец. Во моментов во Мариово се присутни 150 противпожарни екипи од голем број градови на Македонија, како и припадници за армијата, полицијата и национални шуми. Денеска за жал има на располагање само еден ер трактор затоа што другите летала ги гаснат другите пожари низ Македонија. Доброволци се уште не се повикуваат.

 „Го разговараме ова прашање, но оценките се уште се дека на терен се потребни пешадија која што е стгручно обучена и има соодветна опрема на себе и која што може да влезе во овој густ чад и пожар. Месното население кое што е во тие делови, навистина се вложува и помага“, додаде Стерјоска Локвенец.

Инаку бројот на пожари низ Македонија повторно е во пораст. Во текот на вчерашниот ден имало вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои активни се 6, под контрола е 1 и изгаснати се 33.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи