ЕСМ ќе плати четири милиони евра за струја за две недели – причина била лошата кондиција на производните капацитети

Facebook
Twitter
Email
Print

 

ЕСМ објави оглас за долгорочна набавка на електрична енергија за период од две недели, во кои на два пати авансно ќе се купува струја од добавувачи во период кога на регионалната HUPX берза има големи ценовни отстапувања, објави „Фактор.мк“.

Огласот се однесува за периодот од 18 до 30 септември. За само 13 дена се бараат 35.000 мегаватчасови електрична енергија, што досега е незапаметено да се купува толкаво количество во рок помал од две недели во летните месеци. Наскоро се очекува да бидат објавени и имињата на снабдувачите кои ќе бидат избрани.

Ако се проверат актуелните цени на HUPX берзата „ден однапред“, таму овие денови просечно мегаватчас се продава по околу 120 евра. Ако останат овие цени, тоа значи дека ЕСМ Продажба за набавката ќе плати калкулантски 4,2 милиони евра, што барем оваа година тоа не се случило ни одблиску.

ЕСМ Продажба досега купуваше струја во зимскиот период, кога цените беа многу поевтини и се движеа од помалку од 50 евра до околу 75 евра по мегаватчас. Фирмата-ќерка на ЕСМ купуваше струја и во летниот период, кога цените достигнаа и до 150 евра, но за разлика од актуелниот оглас, бараните количини беа многу помали.

Според компанијата, причина за тоа е лошата кондиција на производните капацитети.

„Новото раководство се соочува со ненавремено завршени летни ремонтни активности во РЕК Битола и РЕК Осломеј и ниската кота на хидропотенцијалите чии акумулации се под просекот за овој период од годината заради лошото менаџирање на хидро ресурсите во изминатите неколку месеци.

Набавката на електрична енергија, ќе му овозможи на ЕСМ АД да ги реализира плановите за подобрување на затекнатата состојба рудниците и хидроакумулациите како и потребни сервисни активности на постројките со што ќе се овозможи континуирано производство на електрична енергија во наредниот период, особено во претстојната грејна сезона“, велат од ЕСМ.

Енергетскиот сектор во земјава подолго време е во лоша состојба.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи