Мицкоски во отчетот за првите 100 дена: Пензионерите добија покачување, К-15 за администрацијата, странски инвестиции

Facebook
Twitter
Email
Print

Премиерот Христијан Мицкоски во отчетот за резултатите од 100-те дена работа на новата влада што ја води тој, денеска кажа дека ќе има нови инвестиции, нови проекти, враќање на долгови и исплатување заостанати плати, натамошен раст на индустриското производство.

„Договараме инвестиции, подготвуваме стотици проекти. Обезбедивме бесплатни учебници, покачивме пензии, работиме на олеснување на даночната политика, остваривме 100 проекти, мерки и одлуки. 15 милијарди денари се за капитални инвестиции за општините. Додадовме нови лекови на позитивната листа на лекови, после цела деценија. Донесовме одлука за вработување на нови 600 лекари, од редот на специјализантите. Потпишавме договор за 4 нови инвестиции, од кои едната е во вредност од пола милијарда денари. Нејзината градба ќе почне во јуни 2025 година, а планирани се 1.600 нови вработувања. Целта на Владата е до 2026 увозот на електрична енергија да биде на нула. Тоа е историска цел, имајќи предвид дека сме увозно зависна држава. Впрочем, од 01.01.2026 година почнува примена на механизам според кој сите компании кои што извезуваат во рамки на ЕУ мора да покажат дека производите им се произведени со користење на зелена обновлива енергија“, кажа тој.

Мицкоски се пофали дека после долги години, обезбедено К-15 за 84 илјади вработени во администрацијата, од по 11.000 денари за секојИ дека Национални шуми и АД Водостопанство ги добиле заостанатите плати, како и дека се исплатени 2 милијарди денари, од наследен долг од 5 милијарди денари на Фондот за здравство.

„Ги поевтинивме Катастарските услуги. За реконструкција на студентските домови издвоивме 20 милиони денари. Индустриското производство почна да расте во јули, со 3,8 отсто“, додаде Мицкоски.

Мицкоски не претстави јасна стратегија за Македонија да продолжи на патот кон Европа, но смета дека земјата нема да остане изолирана.

„Ова што се случи овие 100 дена со многу меѓународни, со домашни контакти со странски претставницине зборува за изолација. Тоа не можеше ни да го замисли претходната влада. Ќе преговараме додека не постигнеме компромис. Премиерот на Унгарија Виктор Орбан понуди, еве ние сме претседавачи, дојдете, повелете разговарајте. Бугарија одби.“, одговори Мицкоски на прашање.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи