Повеќе од 60 поранешни лидери и припадници на таканаречената Ослободителна војска на Косово, се опфатени со обвиненија од Специјалното обвинителство за извршени дела кон крајот на 2000 година.
Меѓу првите обвинети ќе бидат Даут Харадинај, братот на премиерот на Косово Рамуш Харадинај, потоа Азем Сила, Шукри Буја, Сокол Добруна, пишува приштинскиот портал „Инсајдери“.
Се очекува првото обвинение да биде објавено набрзо по 17 февруари следната година, односно по десет годишнината од прогласувањето на независноста на Косово.