Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан оцени дека 2025 година, како датум за евентуален прием на одделни кандидати од Балканот во ЕУ, е реална, но амбициозна цел.
„Претседателот на Европската комисија ја наведе, за некои кандидати, 2025 како можен датум за пристапување. Ова е реално, иако амбициозно“, рече Хан во интервјуто за виенскиот дневен весник „Курир“.
Во врска со иднината на ЕУ, европскиот комесар за проширување потсетил дека Комисијата претставила пет опции за реформа на Унијата и изразил надеж дека ќе биде постигнат договор околу една средишна позиција.
„Основата ќе биде концентрација на големи, глобално релевантни теми и препуштање на другите теми на националните држави“, објаснил Хан.