Вчера џудо Клубот „Сеишин“ од Прилеп го одржа последниот тренинг за 2017 година на кој беа доделени наградите за најдобрите натпреварувачи и натпреварувачки за 2017 година на ниво на клубот.
Листа на најдобри на ниво на клуб за 2017 година :
Јуниорки: Александра Најдоска
Јуниори: Марио Тошески
Кадети: Марио Цинцароски
Пионерки: Леона Настоска
Пионери: Орде Трајкоски
Помлади Пионерки: Теодора Тасеска
Помлади Пионери: Андреј Сотироски
Деца девојчиња: Теа Настоска
Деца момчиња: Димитри Џокоски
За најуспешен натпреварувач на ниво на клуб е прогласена Александра Најдоска.
Инаку во напреварувачката 2017 година Џудо Клубот „СЕИШИН“ Прилеп зеде учество на вкупно 4 Државни Првенства, 5 Меѓународни Турнири и 2 Балкански Првенства (членови на клубот како претставници на Репрезентацијата на РМ). На овие првенства освоени се вкупно 92 медали ( 20 златни, 32 сребрени и 40 бронзени) и тоа 51 на меѓународно ниво и 41 на државно ниво. Најзначаен успех е осовеното 3-то место на Балканското Првенство за Сениори-ки од страна на Јуниорката Александра Најдоска.