ВИДЕО – Ристовски: Преговараме Универзална сала да ја земе „Комфи Ангел“, реконструкцијата на трибината ќе чини околу 500.000 евра


Универзална сала во Прилеп која што е под надлежност на ЈП АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор за краток период требало да премине во користење на компанијата „Комфи Ангел“ која пак е главен спонзор на РК Прилеп. Според министерот за спорт и млади за да се избегнат бирократски процедури преговорите наместо Министерството ги водело самото ЈП. Но сепак за да се пушти во употреба салата потребна била реконструкција на една трибина која ќе чинела околу 500.000 евра.


Јас не можам да се ставам во средина меѓу двајца кои преговараат, од една страна постои фабриката Комфи Ангел, од друга страна постои ПУИ кој е на некој начин задолжен од државата да ги прави тие преговори, јас не можам да кажам за време. Меѓутоа сигурен сум дека во интерес на двете страни е што побрзо да се заврши тој договор. Досега проблемот со таа сала е што имаше проблеми од градежен аспект и не беше безбедна, т.е. трибините немаа добра статика и заради тоа и не беше во функција досега. Мислам дека зафатот ќе чини околу 500.000 евра, кои компанијата која е заинтересирана е расположена да ги инвестира за долгорочно располагање со салата“, истакна Борко Ристовски, министер за спорт и млади

 За сала Македонија која е во владение на Jавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти и кое ја издава под закуп, до крајот на годината се планирало да се раскине тој договор и по реконструкција истата да биде дадена на Општина Прилеп.

Ќе биде раскинат договорот во најбрз можен рок, не го раскинуваме во моментов од причина што се уште нема обезбедено буџет за реконструкција. Оној момент кога ќе обезбедиме буџет, мислам дека до крајот на годината, ќе го раскинеме договорот, ќе ја реконструираме и повторно ќе биде вратена на Општин Прилеп на користење“, додаде Ристовски.

Спортскиот компплекс пак „Маркови кули“, Министерството за спорт планирало истиот да го земе под свое владение, да се најде инвеститор и да биде издаден по принципот на јавно приватно партнерство.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи