Во Прилеп се организираше првото екипно Првенство на ниво на Македонија во BACKGAMMON (ТАБЛА)



Викендов во Прилеп, во организација на клубот „Ебаго Таблаџии“ и неговиот основач Васко Смилески, се организираше првото орвото екипно ПРВЕНСТВО на ниво на цела Македонија во BACKGAMMON(ТАБЛА) на кое учествуваа 11 екипи од цела држава.

„Едно големо благодарам до сите 11 екипи од Прилеп, Скопје, Штип, Пробиштип, Кавадарци и други градови, за сите победници беа обезбедени и парични награди за прво, второ и трето место“, истакна Васко Смилески, организатор на турнирот.

Инаку сите 3 места ги освоија екипи од Скопје. Прво место за екипата на Вардар-Скопје, второ за Пролет-Скопје и трето место за Атлета-Скопје.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи