Со завршна претстава во Прилеп, градот каде е седиштето на Витаминка, се комплетираше едукативниот караван на оваа компанија насловен „Роденденско другарување“, чија цел е афирмирање на општествените вредности како другарството, емпатијата и почитта кон другиот. Караванот досега се претстави пред 22.000 деца во 115 градинки низ Македонија.

Карванот преку музички претстави, на непосреден и забавен начин ги учеше децата што значи меѓусебно разбирање, како да се препознаат и ценат различностите, што е доверба и другарство и како да се изградат во општествено корисни личности.
„Нашата мисија беше да ја поттикнеме свеста за важноста на општествените вредности на забавен и интерактивен начин. Огромниот интерес од градинките, воспитувачите и родителите покажува дека сме на вистинскиот пат. Витаминка останува посветена на градењето на подобро општество преку поддршка на иницијативи што ги обликуваат идните генерации“, истакна Симона Симоновска, шеф на маркетинг во Витаминка.
Проектот е реализиран од страна на Продукција Триангл, тим од професионални музичари, експерти, педагози, психолози и едукатори, кои се погрижија активностите да бидат прилагодени за возраста на децата и да вклучуваат едукативни елементи.
„Големо е задоволството нашата продукција Триангл со професионални изведувачи и музика во живо допревме до целната група во предучилишните установи и можам да заклучам дека е еден уникатен проект кој заслужува големо внимание и навистина е поттик за да се продолжи и понатаму со вакви типови на кампањи“, додаде Десанка Глигориевиќ, одговорна на продукција Триангл, режисер и сценарист.
Од детската градинка „Наша Иднина“ го искажаа огромното задоволство од досегашната соработка со Витаминка како општествено одговорна компанија која секогаш им излегувала во пресрет за сите нивни потреби. Ја истакнаа и потребата на уште поголема афирмација на емпатијата и другарувањето кај децата во предшколска возраст.
„Сакаме да и се заблагодариме на компанијата Витаминка како општествено одговорна компанија која секогаш излегува во пресрет на нашата градинка, секогаш сме топло пречекани и имаме огромна соработка и досега впечатоците споделени од другите објекти каде што веќе е поминат караванот се многу позитивни, децата се многу задоволни и среќни. Цело време се потткнуваат тие позитивни емоции, другарувања, со индивидуални разговори со индивидуален пристап. Со соработка со родители доколку е потребно исто така. Препорака наша до родителите е секој проблем кој што ќе го забележат кај децата да се сподели уште од најмала возраст и да ги прифаќаат нашите препораки бидејќи ние сепак имаме долгогодишно искуство, сме поминале многу случаи, сме виделе многу примери и во проблематиката на развојот. Да ги прифаќаат нашите совети, да следат, да споделуваат и да соработуваат“, изјави Даниела Тренковска, раководител на градинка „Бончејца“ – „Наша Иднина“.
Со овој карван Витаминка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон локалната заедница и создавање позитивно влијание врз новите генерации.