Изложба „Сувенир“ од Милко Нестороски во Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Синоќа во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп беше отворена изложбата „Сувенир” од Милко Нестороски. Уметникот Милко Нестороски пред прилепчани се претставува со 15 дела изработени од природни предмети.

„Делата ги нареков сувенири будејќи претставуваат спомени од природата. Раскажуваат за изобилството на форми на природата и убавината која може да биде пронајдена во нив, од која се повеќе денешното општество е оддалечено, а ја конзумира естетиката на масовно произведените предмети, па и сувенири – вели уметникот Нестороски, кој живее и твори во Струга.

Изложбата е дел од годишната програма на ЦК “Марко Цепенков” за 2025 г.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми