ВИДЕО- Трендафилов од Прилеп: Може да не напаѓаат колку сакаат, ние продолжуваме со борбата за поголеми плати, ако не се гледаме на улица

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


300 членови на органите на ССМ во текот на вчерашниот ден излегоа на јавна седница на која донесоа неколку одлуки, каде покрај другото доколку не се усвои предлогот на ССМ за зголемување на минималната плата за 6.000 денари и зголемување за 6.000 денари на сите останати плати, донесовме едногласни одлуки пратениците да бидат на минималец, владините функционери и директори да бидат на минималец, да почувствуваат и тие како им е на работниците, истакна денеска во Прилеп, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

„ССМ е единствениот Синдикат во Македонија кој моментално се бори за унапредување на работничките права и нивниот животен стандард, другите синдикати за жал во овој момент сметаат дека не треба да има протести, дека платите се доволно високи, дека минималната плата која веќе е објавена незаконски од страна на Владата, а ќе изнесува 1.800 денари зголемување, дека е доволна и затоа Синдикатите се на различен пат. Едните молат и не бараат зголемување на минималната плата и на другите плати, а другите се борат и бараат зголемување на минималната плата и сите останати плати. Ние како ССМ покажавме дека не не интересира кој е на власт и која Влада ја води државата, туку не интересира дали го почитува социјалниот дијалог, дали ги зголемува платите и дали не прави напади на синдикатите. Доколку не се остварат барањата на ССМ се разбира улицата е решение каде ќе ги изразиме нашите незадоволства, но следниот пат ќе ги повикаме и работниците со нас.

Тоа што ние го предложивме беше и подадена рака кон работодавачите кои сакаат да ги задржат квалификуваните работници во Македонија, но и кон Владата. Предложивме зголемувањето да оди со неколку чекори. Првиот чекор е Владата доколку може од едниот во другиот дел во буџетот да ги субвенциора придонесите, не да ги даде парите на работодавачите, но во име на работниците да ги уплати во ПИОМ за разликата од 6.000 денари. Вториот предлог беше работодавачите да бидат ослободени за овој изнис од 6.000, да ги плаќаат придонесите во рок од 12 месеци со што ќе им помогнеме да се реструктуираат и да можат да исплатат повисоки плати, а од друга страна по истекот на тие 12 месеци да ги плаќаат придонесите за задолжително социлано осигурување. И третиот предлог беше да си плаќаат придонесите на целиот износ од 500 евра минимална плата. За жал  иако работодавачите, голем дел од нив го прифатија овој предлог на ССМ, дури тие предлагаа да се замрзнат придонесите, а да се зголемат платите, Владата сметаше дека на работниците не им треба поголема плата. И еднострано за прв пат во историјата од донесувањето на Законот за минимална плата, со усвојување на информација на Влада, а не на економско социјален совет утврдено мислење се објави минималната плата во еден навистина минималец износ кој не им помага на никој на работниците.

Имаше многу предлози, но Владата како најголем работодавач во државата кажа работодавачите да се договорат со синдикатите и дека таа се иззема од одговорност. А Владата е работодавач на 128.000 работници и таа е најголем работодавач. Но кога таа  дава негативен пример и вели не ни требаат синдикатите, ги напаѓа синдикатите, што очекуваат тоагаш да направат синдикатите во приватниот сектор. Тоа што ние како синдикати го зборуваме цело време и го правиме во изминативе години е тоа дека нема да молчиме на никој, особено не за зголемување на платите на работниците. Може да не напаѓаат колку сакаат ние ќе ја продолжиме нашата борба за раст на платите, а се разбира дека доколку нема слух се гледаме на улица“, изјави Трендафилов.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми