По повод големиот христијански празник Свето Благовештение, познатиот прилепски бизнисмен и хуманист Благоја Бошкоски – Окото, денеска организираше бесплатен оброк за 250 социјално загрозени граѓани во црквата Свети Кирил и Методиј – Параклис. Бошкоски вели дека оваа идеја сакал да реализира веќе неколку години и ете дошол моментот кога истото може и да го направи. Бошкоски вели дека смислата на постоењето е да помагаме на луѓето кои имаат потреба од нас. И посакува ова негова благородна идеја да остане како традиција и да се реализира и во иднина на овој ден, за сите кои имаат потреба од помош.
„Мотив ми беше да се помогне на посиромашните граѓани од Прилеп со ручек, но вистински од срце и со мои лични средства. Помагањето има голема моќ, но ако се дава вистински и со срце. Ми се оствари мојата дамнешна желба која тлееше во мене подогло време, но не знаев како да ја исполнам и остварам мојата благородна идеја. Оваа идеја дава позитивна енергија, мир во душата и убавина. Смислата на постоењето е да помагаме на луѓето кои имаат потреба од нас. Мислам дека од мене е побарано да давам и помагам на посиромашните луѓе од Прилеп, но вистински, а не ради реда. Само тој што помага од срце, може да го почувствува мирот во душата кој што е поскап од сите материјални добра. Посакувам оваа идеја да продолжи и во наредните години и да стане традиција во Прилеп и пошироко и да се оствари на големиот празник Благовец. Сакам да напоменам една мудар идеја од Мајка Тереза која вели: Ако не можиш да направиш големи нешта, направи мали, но со голема љубов и од срце. Исто така има друга мудрост која вели: богатството е безвредно ако немаш смирен дух, чисто срце, спопој и добро здравје“, истакна Благоја Бошкоски – Окото.
Бошкоски искажа благодарноста и до Центарот за возила Прва Прилеп, Брокерското друштво НОБ Скопје и Друштвото за наука и уметност од Прилеп, за поддршката и помошта што му да дале при организацијата на оваа хуманитарна акција.