ВИДЕО – Со 2,1 милион денари ќе зацврстува иконостасот во црквата Свето Благовештение во Прилеп

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Министерството за култура годинава издвои два милиони и 100.000 денари со кои што ќе се прави конструктивно консолидирање и зацврстување на иконостасот во црквата Свето Благовештение во Прилеп како и конзервација на уникатната резба. Ова се најголеми средстства досега издвоени за овој иконостас откако се започнати работите за негова конзервација и реставрација во 2020 година.

„Значи на делови на иконостасот каде има обелување ќе има тонирање и на отпаднати делови кои во текот на изминатите години се собирани кај свештениците од Благовештение, исто и кај нас ги имаме при самото конзервирање и на нив ќе се направи конзервација, исто и на отпаднати делови кои што не се постоечки ќе се изврши реставрација и да се вметнат тие делови. Оваа година завршуваме со тој конструктивен дел“, изјави Мимоза Христоска, директор на Завод и Музеј Прилеп.

Досега од 2020 до денес во неколку наврати беа преземени активности за заштита на самото дрво и резба со импрегнирање на средства против инсекти, бактерии и негово уништување. Следна фаза ќе биде заштита на иконите на иконостасот.

„И тие се следна фаза да се конзервираат затоа што и тие се од големо значење, затоа што на нив работеле познати мајсотори зографи од овој крај. На долната партија престолните икони кои ги викаме престолни икони и на втората партија во горната зона каде се поставени на иконостасот циклусот на големи празници“, додаде Христоска.

Иконостасот е стар 180 години и е најдолг иконостас во Македонија со должина од скоро 17 метри, а висина од 6 метри. Тој е исто така е трет во Македонија според својата вредност, после иконостасите во црквата Св. Спас во Скопје и оној во Бигорскиот манастир. Го изработила тајфата на познатиот копаничар Петре Филипоски – Гарката.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци