ВИДЕО- Каква е традицијата во Прилеп од Велики Четврток до Велигден – денеска се вапсаа јајцата

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Традиционално како и секоја година на Велики Четврток домаќинките ги вапсуваат јајцата за големиот христијански празник Велигден. Се станува рано пред изгрејсонце и прво се вапсуваат три јајца, а секое од тие јајца си има своја симболика. Првото вапсано јајце се нарекува Божјарче, бидејќи е посветено за Господ. Второто е посветено за ќуќата, а третото за имотот или фамилијата. Членките од здружението „Преродба“ од Прилеп кои веќе 2 децении ја чуваат оваа тардиција ни раскажаа за неа.

Првото јајце го земаме и го ставаме во бојата, тоа е за Господ. Го земаме и второто јајце, второто јајце е за куќата, за здравје на домаќините. Третото јајце е за децата кои треба да се радуваат, да бидат здрави и живи. Откако ќе се вапцаат јајцата ние ги вадиме од бојата, ги оставаме настрана. Кога ќе ги извадиме сите јајца црвени, мајката на децата го зема јајцето и оди кај дечињата каде што спијат во детската соба, ги поминува по образите и вели: црвено, бело, дебело, да е здраво и живо цела година. Првото јајце што го вапцувавме го земаме, го ставаме на прозорот, го изнесуваме за првото сонце што ќе угрее, првите зраци да го угреат првото јајце, тоа е за здравје за домашните“, рече Васе Мирческа, членка на здружение „Преродба“.

 

Традицијата потекнува од многу одамна, кога оделе Марија и Магдалена на гробот кај Исус Христос прво ги пречекал римскиот цар и тие му рекле одиме на гробот за да видиме дали е Исус Христос воскреснат. Римскиот цар им рекол: ќе воскресни Исус Христос кога ќе биде црвено јајцето, белото јајце кога ќе стане црвено тогаш ќе воскресни. Во истиот миг јајцето се вапцало црвено и тогаш Марија и Магдалена рекле сега Исус Христос воскреснат е. Кога отишле на гробот, Исус Христос го немало“, додаде Менче Милошеска, членка на здружение „Преродба“.

Инаку според православната црква на Велики Четврток, за време на Тајната вечера Христос ја воспоставува Светата евхаристија, односно причествувањето, исто така на Велики Четврток тој е предаден од страна на Јуда. За секој од овие предвелигденски денови има разни обичаи кои се практикуваат. Утре на Велики Петок се оди во црква каде верниците ја целиваат плаштаницата, односно платното кое го симболизира Исус Христос. А во саботата се прават последните подготовки за најголемиот христијански ден Велигден.

Во петокот е најтажниот ден во христијанството, односно погребувањето на Исус Христос. Одиме во црква, децата ги облекуваме празнично, бидејќи за Велигден секогаш им купуваме нешто ново и ги носиме на целивање на плаштеницата. Денот го поминуваме во жалост, во тажна атмосфера, вечерта исто одиме на погребение Исусово. Во саботата дозволено е да привршиме со домашните обврски во семејството и вечерта пред полноќ одиме на воскресението Христово. После воскресението имаме божествена литургија со која веќе се објавува и Исусовото воскресение, односно неговото повторно раѓање, односно верата во која ние веруваме дека по смртта има друг живот, дека сите ќе воскреснеме и ќе ја прославиме заедно нашата христијанска вера“, изјави Лилјана Ѓорѓиеска, претседателка на Здружение Преродба Прилеп.

Прилеп има навистина посебни обичаи кога доаѓаат овие Велигденски денови, а освен постарата нив подеднакво ги почитува и помладата генерација.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми