ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Почитувани сограѓани, драги православни христијани. По повод големиот христијански празник Велигден, дозволете ми во мое лично име и како градоначалник на општина Прилеп, да Ви упатам најсрдечни честитки со искрени желби за здравје, радост, мир и семејна хармонија.
Велигден е празник на воскресението, надежта и новиот почеток. Тој нè потсетува дека после секоја темнина доаѓа светлина, дека добрината, верата и човечноста секогаш имаат сила да победат. Во овие празнични денови, нека нашите домови бидат исполнети со љубов, разбирање и сплотеност.
Нека Велигден нè поттикне да бидеме подобри луѓе, да ги негуваме вредностите на нашата традиција, верата на нашите предци и нашиот македонски идентитет. Да продолжиме со заедничка сила да го градиме Прилеп како достоинствен и модерен град – со грижа за сите генерации, со почит кон културното наследство и со верба во иднината.
Од срце Ви посакувам празниците да ги поминете во благосостојба и спокој, опкружени со Вашите најблиски.
