Во Прилеп одбележани 122 години од смртта на Гоце Делчев и 113 години од смртта на Пере Тошев


Денес се одбележуваат 122 години од смртта на Гоце Делчев и 113 години од смртта на прилепчанецот Пере Тошев — двајца великански ликови во македонската револуционерна историја и национални херои!
По тој повод, делегации од Општина Прилеп, Советот на Општина Прилеп, основните и средните училишта, здруженија и политички партии положија цвеќе и се поклонија пред спомен-обележјата во знак на длабока почит кон нивната борба и жртва.
Во исто време, Основното општинско училиште „Гоце Делчев“ од Прилеп го прославува својот патрон празник, гордо носејќи го името на големиот македонски револуционер.
Нека им е вечна слава!
Нека живее Македонија!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира