НУ Завод и Музеј Прилеп со изложба во Истанбул посветена на животот и делото на Али Фети Окјар

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


НУ Завод и Музеј – Прилеп во соработка со Македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул, Република Турција ја отвори изложбата посветена на животот и делото на Али Фети Окјар, истакнат државник, дипломат и близок соработник на таткото на модерна Турција – Мустафа Ќемал Ататурк.

Изложбата ја открива животната патека на Окјар – од неговите корени во Македонија до значајната улога во турската политичка историја, преку архивски материјали, фотографии и документи.

Али Фети Окјар е роден во Прилеп на 29.04.1880 година, а починал на 07.05.1943 година. Тој во својата кариера бил два пати премиер на Турција, претседател на турското собрание, 5 мандати пратеник во истиот парламент, министер за внатрешни работи, министер за правда, а  бил и амбасадор на Република Турција во Бугарија, Франција и Англија. Тој бил човекот во Ататурк имал најголема доверба.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми