Уапсени 3 прилепчани на железничката постојка на локалниот пат с. Костинци – с. Слепче, им била пронајдена марихуана за продажба



На 13.05.2025 во 21.45 чaсот, во близина на железничката постојка на локалниот пат с. Костинци – с. Слепче, oпштина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода И.Џ. (26), А.С. (25) и Ф.А. (39), сите од Прилеп. Имено, по предходно добиени сознанија дека се врши продажба на дрога, тие биле затекнати во патнички возила „бмв” и „ауди” со прилепски регистарски ознаки, при што во нивна близина била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира