Мециновиќ: Дали намерно се колабрира ЕСМ за нова приватна бизнис зделка?

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

На седницата за пратенички прашања, пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, го обвини Министерството за енергетика за системска деструкција на македонскиот електроенергетски систем и водење на државната компанија ЕСМ кон финансиски и технички крах, со цел отворање пат за нов „бонбона-бизнис“ преку приватизација. Според него, во сржта на проблемот стои подредувањето на државниот интерес под диктатот на приватниот, а особено интересите поврзани со фотоволтаични централи во сопственост на семејства на политичари и олигарси блиски до власта.

Мециновиќ предупреди дека додека чекаше ред за поставување прашања, во Кочани, Чешиново-Облешево, делови од Струмица и населби околу Скопје – немаше струја, што претставува нов сериозен крах на системот, само два дена по масовниот прекин на 18 мај.

„Во Бугарија, при истиот инцидент, успеале преку компензациски капацитети да го избегнат крахот. Кај нас – нема ни батерии, ни систем за складирање, ни капацитет за справување со вишокот. Освен, што се молите кај приватните производители да исклучат панели“, рече Мециновиќ.

Тој предупреди на системски ризик од несинхронизираното и масовно пуштање на фотоволтаици во мрежата, додека базното производство, особено од РЕК Битола, е во постојан пад.

„Имате инсталирани 900 мегавати фотоволтаици во изминатите две години, а РЕК Битола има вкупна моќност од 630 мегавати, од кои често еден генератор не работи.“

Дополнително, Мециновиќ изнесе нови загрижувачки податоци: долгот на ЕСМ, кој во септември 2024 изнесувал 165 милиони евра, сега достигнал речиси 184 милиони евра, а компанијата за првпат во својата историја бележи загуба од 123 милиони евра. Министерството за финансии веќе најави дека нема да интервенира со буџетски средства, туку ЕСМ ќе мора да се задолжи кај банки.

„Прашањето е дали оваа состојба е резултат на неспособност или свесно сценарио – за да се прикаже ЕСМ како неефикасна и потоа да се приватизира во полза на блиски фирми. Дали повторно ќе гледаме ‘бонбона-бизнис’ како со ЕВН?“, праша тој.

На крај, Мециновиќ побара одговорност: разрешување на директорите на ЕСМ и МЕПСО, и јасен план за надомест на штетите предизвикани од честите прекини на електрична енергија врз домаќинствата и бизнисите.

Во услови кога Македонија за првпат има експлицитно Министерство за енергетика, пратеникот го постави клучното прашање: дали новиот ресор е тука за зајакнување на енергетската независност, или е алатка за приватни профити на сметка на јавниот интерес?

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми