Букет од зборови и песни за словенските светила на цветниот плоштад пред храмот „Св. Петка“

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми



Во петок, на 23 мај 2025 година, со почеток во 10:00 часот, а по повод чествувањето на празникот на светите браќа Кирил и Методиј – македонски и сесловенски просветители и рамноапостоли, храмот „Св. Петка“ ќе биде домаќин на свечена прослава заедно со учениците и наставниците од ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп.

Настанот ќе се одржи на платото пред храмот „Св. Петка“ и ќе биде збогатен со:

  • Хорски и соло изведби на учениците
  • Рецитали со духовна и просветителска содржина
  • Изложба на ученички творби
  • Креативни работилници во духот на празникот

Со овој настан продолжуваме да ја негуваме плодната соработка меѓу храмот и училиштата, покажувајќи дека духовноста, просветата и љубовта кон татковината се темели врз кои се гради иднината на нашите деца.

Ве покануваме сите – родители, наставници, верници и граѓани, да присуствувате и заедно да го прославиме ликот и делото на светите браќа Кирил и Методиј – темелот на словенската писменост и духовност.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми