По повод празникот посветен на Светите браќа Кирил и Методиј, сесловенските и македонски просветители, Здружението „Платформа за КРЕАТИВНИ КОНЦЕПТИ – Прилеп“ во соработка со Општина Прилеп и храмот „Св. Кирил и Методиј“ – Прилеп ве поканува да присуствувате на завршниот настан од проектот „Денови на Свети Кирил и Методиј“.
На 24.05.2025, во 11 часот во година во храмот „Св. Кирил и Методиј“ – Параклис, ќе бидат презентирани делата изработени од страна на учениците од основните училишта од Прилеп кои во текот на овој месец учествуваа на работилниците кои што беа дел од проектот, а на кои се потенцираше значењето на Светите Кирил и Методиј кои го имаат како во Македонија така и во регионот.

На завршниот настан свои обраќања ќе имаат и градоначалникот на општина Прилеп, д-р Борче Јовчески и Неговото Високопреосвештенство митрополитот Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски г-дин Петар.
Со свои настапи истиот ќе го збогат „Хор при храмот Свети Кирил и Методиј“ и средношколскиот хор составен од ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ и СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ од Прилеп.
Претходно за празникот кој е и храмова слава ќе се отслужи и Света Божествена Литургија со која што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г-дин Петар.