Приведени повеќе лица, тепачки, обид за напад со остар предмет, пронајдена марихуана – црна хроника Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


На 07.06.2025 во 02.00 часот на ул.„Бидимаж” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода П.Т.(22) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, против истиот ќе следува соодветна пријава.

На 07.06.2025 во 02.00 часот пред ноќен клуб лоциран во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.К., Ѓ.А.П., М.А., О.Т., М.К. и Х.Ј., сите од Прилеп, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.

На 06.06.2025 во 21.00 часот во ОВР Прилеп,  В.П. од Прилеп пријавил дека на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, С.Ј.од Прилеп се обидел да го нападне со остар предмет, но не успеал.  Полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле С.Ј. во Полициска станица Прилеп и по документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми