СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Г.(37) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 01.06.2025, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „форд“ во кое биле четири лица од Битола, при што била пронајдена и одземена марихуана, која претходно ја набавиле од пријавениот.