Ќе се отворат 2 нови ленти на „Богородица“ за намалување на гужвите

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Македонија ќе отвори две нови ленти за излез и една дополнителна лента за влез на товарни возила на граничниот премин Богородица, најави денес министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Со отворањето на овие нови ленти се очекува значително олеснување на метежот што традиционално се јавува во летниот период, кога голем број туристи од регионот патуваат кон јужниот сосед.  Министерот посочи дека вообичаените чекања од неколку часа ќе се обидат да се намалат преку зголемување на капацитетот и подобрување на ефикасноста на преминот.


Тошковски исто така најави и долгорочна стратегија, според која товарниот сообраќај би се пренасочил на посебен граничен премин, слично на решението што веќе го применува Грција.

Со овие нови мерки, Македонија се подготвува да обезбеди поудобно и побрзо минување на границата, особено за туристите и товарните возила, што е од особено значење за најфреквентната балканска рута кон јужниот сосед.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми