Опасни артилериски гранати пронајдени кај с. Витолиште

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), во овој период постојано работи на отстранување на неексплодирани убојни средства (НУС) на линијата на Македонскиот фронт од минатите војни, но и од последниот конфликт во нашата држава, од 2001-та.

Конкретно, во с.Витолиште Мариово, Општина Прилеп беа по пријава до пријавата до Граничната полиција на МВР, беа пронајдени и безбедно отстранети артилериски гранати од Првата светска војна (артилериска граната 105mm и минофрлачка граната 75mm).

По пријава во СВР Тетово, во атарот на с.Непроштено беше отрането НУС, проектил 40mm од рачен фрлач на противпешадиски гранати, што потекнува од конфликтот во 2001.

Инаку, ДЗС дејствува со ограничените човечки ресурси за НУС. Поточно, пиротехничарот од Дирекција за заштита и спасување, Ѓорги Стефанов, безбедно ги подигна и ги транспортираше на сигурно и безбедно место, се до нивното уништување на воениот полигон во Криволак.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми