Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Водоводот на Трескавец повторно од пред 2 недели со помош на средства од Општината, Водовод и една општествено одговорна компанија која сака да остане анонимна се врати во првобитната состојба пред кражбата, истакна на денешната прес конференција директорот на ЈП „Водовод и Канализација“, Игор Гулабоски.
„Резервоарите повторно се полни, останува сега на манастирот внатрешниот дел кој што не му е среден со проект да си го досредат. Од наша страна е целосно завршен проектот, се што беше оштетено е вратено во првобитна состојба. Проектот кој го наследивме пред 3,5 години е комплетно завршен. Од овој дел сега натаму немаме ние ништо со тоа, сега тоа е на манастирот и лично манастирот треба да си направи проект за внатрешна инсталација, дел има направено, а дел од мрежата била оштетена со некои ископи“, додаде Гулабоски.