ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Шест од проектите со кои Oпштината аплицираше пред Владата за добивање на средства за оваа година се поврзани со водоводните системи во општина Прилеп, истакна на денешната прес конференција директорор на ЈП „Водовод и Канализација“, Игор Гулабоски.
„Едното е за населено место Селце, од левата страна има веќе направено мала индустриска зона, како и многу куќи и таа страна има мал профил, кој што ќе се промени за сите тие објекти да имаат поголем притисок, со поголем профил кој ќе одговара за нивните потреби. Таа линија се продолжува за прв пат до самиот манастир кај с. Селце, Свети Димитрија. За прв пат тој манастир ќе добие вода од Студенчица. И вториот проект е целосно водоснабдување на манастирот во Лениште, каптажата се наоѓа над самиот манастир, водата ќе се донеси од самата планина. И таа вода ќе помине низ самото село Лениште и сите активни куќи ќе се поврзат на таа линија“, рече Гулабоски.