На 11.07.2025 во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул. „Кеј 1ви Мај“ и ул. „Димо Наредникот“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки управувано од З.Г. (57) од Прилеп удрил во мопед „јанинг” со прилепски регистарски ознаки управуван од М.Н. (32) од Прилеп.
По несреќата М.Н. со возило на Итна медицинска помош Прилеп била пренесена во Градска болница Прилеп каде од страна на доктор констатирано и биле тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.