СДСМ е последната партија што има каков било кредибилитет да зборува за безбедноста – токму тие, заедно со ДУИ, создадоа мафијашка мрежа и го донесоа Прилеп и цела Македонија во криминален хаос, потенцираат во својата реакција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, која доаѓа по прес конференцијата на ОО СДСМ Прилеп кои обвинија дека Прилеп е небезбеден град.

„Во време на СДСМ, полицијата беше понижена и ставена во служба на рекет и политички притисоци, додека криминалот цветаеше. Денес, кога ВМРО-ДПМНЕ расчистува со нивниот пустош и криминал, тие лицемерно излегуваат да држат прес-конференции и да манипулираат со трагични настани.
Пред било што да говори во јавност, Петра Лукароска нека одговори на каков начин беше именувана за директорка во време на СДС и колку истата ги исполнуваше законските услови? Да бидеме јасни: Во 2023 година – во годината на нивното безредие – во Прилеп беа евидентирани 16 кривични дела од типот „Предизвикување општа опасност“, односно опожарени возила, поврзани со оружје и експлозиви. Во 2024 година, овој број е намален на 13, а во 2025 година – само еден пријавен случај на опожарено возило. Тоа се факти, не прес-конференциски флоскули.
Во првата половина од 2024 година пријавени се 389 кривични дела од непознат сторител, а во втората половина бројката падна на 209 – речиси преполовување. Во истиот период вкупно пријавените кривични дела паднаа од 557 на 357, што јасно покажува дека полицијата под раководство на министерот Панче Тошковски презема сериозни, ефикасни мерки.
Истовремено, бројот на поднесени кривични пријави е зголемен – од 148 во првата половина на 2024, на 190 во втората половина на годината – што значи дека полицијата повеќе не молчи и не затвора очи како во времето на СДСМ, туку активно ги гони сторителите.
Во 2023 година изречени беа 4 мерки на притвор, а во 2024 – 17 мерки, што е повеќе од четирикратно зголемување. Тоа се конкретни резултати на професионално и неселективно постапување.
Во врска со трагичниот настан во Центарот за социјална работа, полицијата реагираше веднаш и сторителот беше приведен и процесуиран. Кај убиството и самоубиството на ул. „Стеван Апостолски“, се работеше за семејно-имотен спор, при што полицијата постапи професионално, но за жал настанот се случил пред пријавата. Ова се факти и бројки кои никој не може да ги побие.
Затоа господа од СДС, вие сте последни повикани да зборувате за безбедност преку злоупотреба на лични трагедии. Вие сте виновни што Прилеп и Македонија беа доведени до вакво дереџе, а денес вашиот очај и лицемерие излегуваат на виделина. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со расчистување на криминалот што вие го создадовте. Без разлика дали тоа ви се допаѓа или не. Македонија ќе се избори со криминалот! Граѓаните знаат кој ја уништи државата и кој ја води напред, по вистинскиот пат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.