Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 12:00 часот денеска се евидентирани вкупно пет пожари на отворен простор во државата. Од нив, три се активни, еден е ставен под контрола, а еден е целосно изгаснат.
Активни пожари се бележат во следниве општини:
Општина Велес: кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци, каде гори мешана шума.
Општина Македонски Брод: помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа, зафатена е деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација.
Општина Василево: кај село Нивичино, каде што гори нискостеблеста шума.

Под контрола е пожарот во:
Општина Дојран: кај село Николич, каде е зафатена нискостеблеста шума.
Целосно изгаснат пожар има во:
Општина Чучер Сандево: кај село Горњани, каде претходно горела нискостеблеста шума.
Надлежните служби се на терен и работат на локализирање и гаснење на активните пожари. ЦУК апелира до граѓаните да бидат крајно внимателни и да не предизвикуваат пожари, особено во услови на високи температури и зголемен ризик од пожари.