УЈП на средба со бизнис секторот со насоки за престојниот Пиво фестивал 2025

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Денес претставници на УЈП, во соработка со Општина Прилеп и организаторот на овогодинешниот Пиво фестивал 2025 во Собраниската сала на Општина Прилеп одржаа средба со учесниците на овогодинешниот фестивал, на која беше направена координација со цел едуцирање на даночните обврзници и нивна доброволна усогласеност со даночната регулатива, односно усогласеност со законите, Законот за регистрирање на готовински плаќања, Законот за данок на додадена вредност и Законот за данок на личен доход.

„УЈП уште во изминатите 10-тина дена започна со своите активности, односно со советодавни посети до даночните обврзници, најпрво со насоки кон регистрирање на подружници, односно деловни единици во Централниот регистар на Република Македонија, а потоа и кон регистрирање на фискалните системи на опрема кои ќе ги користат учесниците на овогодинешниот Пиво фестивал“, изјави Александар Мирчески, управник на регионална дирекција Прилеп при УЈП.

На средбата со учесниците беше присутна и бизнис фелата од општина Прилеп која гравитира во централното градско подрачје

„Целта на УЈП е давање насоки на даночните обврзници со цел регистрирање на готовинскиот промет преку фискалниот систем на опрема. УЈП исто така дава насоки и потесетува дека сите оние физички и правни лица кои издаваат смештајни единици за време на Пиво фестивалот да ги евидентираат своите приходи преку УЈП, односно до 10-ти во тековниот месец за приходите кои ги оствариле во претходниот месец. Тоа истото можат да го сторат преку системот на Е-даночни услуги“, рече Мирчески.

УЈП во изминатиот период во овие изминати 6 месеци е континуирано присутна на терен со цел контрола на евидентирањето на готовинските плаќања од страна на даночните обврзници, а присутни ќе бидат и за време на одржувањето на Пиво фестивалот.

„Од досегашните теренски посети од страна на УЈП, во однос на Законот за регистрирање на готовински плаќања, УЈП има извршено 183 контроли на територијата на регионална дирекција Прилеп, од кои 66 контроли се со утврдени неправилности. Тоа значи неиздавање на фискални сметки и непоседување на фискални сметки, а од овие 66 даночни обврзници имаме двајца даночни обврзници со времена мерка за забрана за вршење на дејност во траење од 15 дена“, истакна Мирчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми