ВИДЕО – Оддавање почит на хероите, бројни концерти, изложби, театарски претстави – богата програма на „10 дена Крушевска Република“

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Илинденска коњаница, оддавање на почит на Илинденците, панихида, главната манифестација на Мечкин Камен каде годинава ќе се обрати претседателката Гордана Силјановска Дафкова, како и голем број концерти, театарски претстави, изложби, аутдор фестивалот When in Krusevo и голем број други настани ќе бидат годинава дел од богатата манифестација „10 дена крушевска република“ која од 31 јули, па се до 10 август ќе се одржува во Крушево. Веќе втора година „10 дена крушевска република“ финкционира и како Национална културна установа, инаку ова е 57-то издание. Во однос на настаните ќе бидат задоволени сите вкусови како за најмладите така и за постарите посетители. Ансамблот „Танец“, Ефто Пупиноски, целовечерни концерти на музичкиот состав „Боите на М“ и Исмаил Лумановски, бендот „Ин Д Муд“ од Скопје, „Пијан славеј“, битолскиот Rock-a-billy бенд Мемфис Мафија, групата Дупер DJ DOMENICO TALESA, се само дел од музичките имиња кои ќе настапат за овие 10 дена.

„Минатата година исто и оваа година се потрудив да има разноликост, да бидат опфатени сите сфери и возрасти опфатени. Манифестацијата мислам дека треба да прерасне на едно повисоко ниво, да добие нова, фестивалска форма, со што би можеле да донесеме млади луѓе и на кои што би ја оставиле и понатаму манифестацијата. За разлика од минатата година оваа имав повеќе време за организација, така што екипата кој што ја организирам се претежно млади луѓе, а годинава имаме и гимназијалци кои што ќе бидат вклучени во сите активности кои ќе бидат вклучени со сопствен штанд, каде што ќе можеме да дадеме една нова визија за гледање на Илинденското востание и Крушевската република бидејќи тоа е важен чин во нашата историја и воопшто не е демоде или старомодно, туку напротив е една висока мода која што ние треба да ја одржиме и на која треба да и ја дадеме насоката и елегантноста“, истакна Захарија Ангелеска, директор на НУЦК „10 дена Крушевска република“.

Како и претходните години така и оваа ќе се одржи и научната трибина на 8 август на која што ќе се расветлат нови работи за Илинденскиот период. Трибината ќе биде во организација на Институтот за Национална историја, на која ќе присуствуваат истакнати научници од оваа област.

„Насловот на годинешната трибина е Илинденските предизвици, минато, сегашност и иднина. Така што колегите преку обработка на повеќе тематики ќе презентрираат повеќе настани од минатото, сегашноста и иднината. Тоа ќе биде јавно презентирано каде што ќе може да учествуваат сите заинтересирани или да дадат свој придонес со вклучување во дебатата. Целта на манифестацијата е да ги сочува и презентира Илинденските традиции, да ги одбележи и да даде свој придонесе за македонската култура со нејзино презентирање во овие 10 дена кои го одбележуваат постоењето на Крушевската република, која што е дел и од преамбулата на на Уставот на нашата држава“, рече Зоран Богески, историчар, историски музеј Крушево.

 Трудовите кои минатата година беа презентирани на оваа научна трибина годинава ќе бидат објавени во „Зборник на трудови – прилози за Илинден“ со што започна обновувањето на една традиција која беше прекината во 2003 година.

ПРОГРАМА НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ДЕСЕТ ДЕНА КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА“ 2025
 
25 Јули (петок) Прес конференција
12:00 Запознавање на јавноста со програмата на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ 2025
  Локација:Крушево
           31 Јули

           (петок)

Свечен пречек на коњаниците под мотото „Илинденски марш“, со погача и вино
18:30 Локација: Столб на Крушевската Република (Градски парк)
 

1 Август (петок)

Отворање на Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република2025
10:00 Посета на спомен-куќата на Смилевскиот Конгрес и полагање цвеќе пред споменикот на Дамјан Груев
18:30 – 18:45 l  Доаѓање на коњаницата пред столбот на Крушевската Република

l  Формирање на поворка.

l  Делегацијата за полагање цвеќе следена од коњаницата се движи кон Гумење.

19:00 – 19:45 Полагање цвеќе:

·         пред бистата на Веле Марков;

·         на гробот на Питу Гули;

·         на гробот на Тоше Проески.

·         пред споменикот на партизанските гробишта

·         Криптата на илинденските востаници

20:30– 21:30 Церемонијално отворање на Манифестацијата „Десет дена Крушевска  Република“ 2025

·         Интонирање на химната на Република Северна Македонија, во изведба на Биљана Јосифов

·         Обраќање на градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски

·         Читање на Крушевскиот Манифест во изведба на Борче Николовски

·         Обраќање на министерот за култура и туризам г-дин Зоран Љутков

           21:30-21:45 ·         Пукање со црешово топче

 

            21:45-23:55 Музичка програма
21:45-22:30 Концерт на Ансамбл „Танец“
22:30-23:55 „За Илинденците“ концерт на Ефто Пупиноски и група Црешово топче
00:00 Импровизиран напад на градот
  Локација: плато на Гумење
2 Август (сабота) Во чест на Крушевската Република – првата Република на

Балканот

09:30 Положување на свежо цвеќе на гробот на Никола Карев-Македониум
10:00 Положување на свежо цвеќе на Споменикот на хероите на месноста „Слива“
      10:30 Панихида,Храм „Свети Никола“
       12:00

 

·         Голем народен собир на Мечкин Камен

·         Обраќање на Претседателот на Република Северна Македонија, г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова

·         Културно-уметничка програма

 

21:00 „ДОБРИ ЛУЃЕ“
  Дуо драма во режија на Тамара Стојаноска, продукција Театар ЗЛАТЕН ЕЛЕЦ – Скопје
  Локација: Летна сцена
3 Август (недела) „Анатомија на речта“
12:00 Промоција на книга со авторката Јасмина Јошевска
  Локација: хотел Бутик Св.Никола
21:00 ALL COLORS OF M ft. Ismail Lumanovski
  Целовечерен кончерт на музичкиот состав „Боите на М“ и Исмаил Лумановски
  Локација: Летна сцена
4 Август (понеделник)  

Манифестација посветена на влашка култура и традиција

 

  Vanghel shi Vanghelitsa

Parmit „Corbul shi vulpea

12:00 театарска претстава за деца на влашки јазик, во соработка со Дом на култура „Наум Наумовски -Борче“ Крушево
  Локација: Дом на култура „Наум Наумовски-Борче“ Крушево
  Театарска работилница за деца
12:30 Театарска работилница и анимација на деца со актерот Михајло Миленкоски
  Локација: Дом на култура „Наум Наумовски-Борче“ Крушево
  Пејачка група „Горди Власи/Armanji Pirifanji“ и влашка група „Gramosteanj“
   
20:30 Flora Imaginarium
  Изложба на Зоран Кардула
  Локација: Споменик Илинден-МАКЕДОНИУМ
21:30 DJ HUGO
  Локација: Споменик Илинден-МАКЕДОНИУМ
  5 август (вторник) „СТРИП СТРИТ“
19:45 Изложба на стрипови од уметникот Игор Јовчевски
  Локација: Дом на култура „Наум Наумовски-Борче“ Крушево
22:00-23:30              „IN THE MOOD
  Целовечерен блуз концерт на скопскиот бенд Ин Д Муд
  Локација: Градски парк
23:45-1:00 „ПИЈАН СЛАВЕЈ“
  Целовечерен концерт на бендот Пијан славеј
  Локација: Градски парк
6 август (среда) „По трагите на македонскиот непребол“
18:00 Одбележување на 30 годишнината од смртта на Васил Иљоски,со необјавената драма „Смрт за живот“-уредник и приредувач Валентин Тасески
  Локација: Дом на култура „Наум Наумовски-Борче“
20:00-21:00 КУД „ИЛИНДЕН“ ДЕМИР ХИСАР
  Пејачка група „ Орхидеја“
  Целовечерен концерт на КУД „Илинден“ од Демир Хисар и настап на пејачката група „Орхидеја“ од Прилеп
  Локација:Летна сцена
    7 Август (четврток) „ВЕЧЕРА ЗА ГЛУПАЦИ“
21:00 Комедија во режија на Ненад Витанов, продукција ТЕАТАР Јордан Х.К. Џинот ВЕЛЕС
  Локација: Летна сцена
8 Август (петок) НАУЧНА ТРИБИНА
12:00 Институт за национална историја
  Локација: Хотел Монтана-Крушево
  OUTDOOR FESTIVAL WHEN IN KRUSHEVO – ИЛИНДЕНСКО ИЗДАНИЕ
16:00-20:00 Пристигнување и пријавување на учесниците
19:00 Chill out зона на Крушевско езеро
  „СИ-ДО“ 2025
      19:00-20:00 Детски музички фестивал
  Локација: Споменик Илинден-МАКЕДОНИУМ
20:00-22:00 „ЖИВИ СТАТУИ“ – Уличен театар
  продукција Театрос К
  Локација: Плато Гумење
21:00:22:15 „ТРЕТО КОЛЕНО“
  Дистописки шлагери и вампирски серенади- концерт на авторска музика
  Локација: Споменик Илинден-МАКЕДОНИУМ
  REVELATION
22:30:23:45 Најдобрите рок кавери
  Локација: Споменик Илинден-МАКЕДОНИУМ
00:00-02:00 DJ Bapchu
  Локација: Споменик Илинден-МАКЕДОНИУМ
9 Август (сабота) Манифестација посветена на унгарската култура
07:45-17:00 Дневни активности во склоп на аутдор фестивалот When in Krushevo
16:00 Полагање венци на Спомен плочата во сеќавање на унгарските бегалци од 1956-та на плоштадот „Никола Мартиновски“
20:00-21:00 Настап на фолклорни групи од унгарската заедница во Македонија и Унгарија
  Локација: Градски парк
20:00-22:00 „ЖИВИ СТАТУИ“ – Уличен театар
  продукција Театрос К
  Локација:Градски парк
22:00-23:15 MEMPHIS MAFIA
  Целовечерен концерт на битолскиот Rock-a-billy бенд Мемфис Мафија
  Локација:Градски парк
23:30-00:45 „ДУПЕР“
  Целовочерен концерт на групата Дупер
  Локација:Градски парк
01:00-03:00 DJ DOMENICO TALESA
  Локација:Градски парк
10 Август (недела) Затворање на Манифестацијата „Десет Дена Крушевска

Република “ 2025

10:00-18:00 l  Дневни активности во склоп на аутдор фестивалот When in Krushevo

l  Посета на музеи

l  Тандем параглајдинг на Мечкин Камен

11:00 l  Инклузивен настан и детски игри со Денис Јанкулоски

l  Музички настап на социјално ранливи лица

l  Саем на храна и пијалоци

  Локација:Градски парк
11:30 „ВО ЦАРСТВОТО НА ДРУГАРСТВОТО“
  Театарска претстава за деца,продукција Театар Хит, Скопје
  Локација:Градски парк
17:00 Литија во слава и чест на Св.Климент Охридски
  Локација: Храм Св.Никола
  „ЗА МАКЕДOНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ“
20:30-21:45 Етно концерт на ансамбл „Стефче Стојковски“

 

  Локација: Летна сцена
22:00 Церемонија на спуштање и засолнување на бајракот и почесна стрелба за хероите на Илинден и Крушевската Република
  Локација:Плато Гумење

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми