Кај Саатот – 200 години културна и друштвена меморија

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Саатот во Прилеп не е само стара кула во срцето на градот – тој е сведок, симбол и простор што ги поврзува генерациите и културите. Последниве неколку години, Саатот прерасна во место за средби, идеи, пријателства, иницијативи, дебати, музика и игранки… Оваа недела (17.08.2025), со почеток во 20:30 часот, Winter Apricots и Јавен Простор Прилеп ги канат граѓаните на тематската вечер „Kај Саатот – за Саатот“.

Организторите со настанот сакаат да го оживеат просторот со присуство, музика, танц, заедничко сеќавање, како и да се одбележи постоењето и значењето на Саатот, не само низ бројки и датуми, туку и преку дружење и културна меморија што сите заедно ја градиме и чуваме. Поканети сме симболично да одбележиме 200 години од изградбата на првата Саат-кула и градската чешма.

Во текот на вечерта, во 20:30 и 21:30 часот, присутните ќе имаат можност да проследат краток филм за настанувањето, симболиката и значењето на Саат-кулата. Во монтирањето на овој краток филм користени се архивски снимки и материјали на пријателите на организаторите на настанот.

Потоа ќе следува заедничка забава и дружба со RobbieRay LedRobot и неговите ласери, тематски пијалоци на пријателите од Кафе Чоше и Кафе Носталгија, како и неколку други пријатни изненадувања, односно мала изложба, разгледници и принтови испирирани од Саатот и сл.

Настанот, истовремено е и најава на заеднички летни настани на Винтер Априкотс и Јавен Простор Прилеп, осмислени во циклусот „Музика и филм кај Саатот“. Настаните се поддржани од Општина Прилеп, кафе Чоше, кафе Носталгија и Златни пуканки.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми