Отчет за 4 години Јовчески: Вратен долг од 5 милиони евра, 80 асфалтирани улици, нова детска градинка, фабрика за селектирање на отпад, катна гаража, кружен тек

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци


Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, вчера во Скопје го презентираше отчетот за сработеното на локалната самоуправа во изминативе 4 години.

  • Од минус 5 милиони евра во општинската каса, за 4 години локална власт до:
  • Нова детска градинка
  • Обновена патна инфраструктура (80 асфалтирани улици во градот и населените места)
  • Нова фабрика за селектирање на отпад
  • Нова училишна спортска сала
  • Нов кружен тек
  • Нова катна гаража
  • Нов водовод во Канатларци
  • Реконструирани детски и спортски игралишта
  • 70 милиони денари инвестирани во образованието (реконструирани сите училишта)
  • 5 нови минибуси за јавниот градски превоз
  • 3 милиони евра за капитални инвестиции – поддршка од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за 2024 година (реконструкција на водоводната мрежа во центарот на Прилеп, изградба на кружен тек кај Табана и изградба на нова улица „Победа“)
  • Обезбедени и одобрени нови 8 милиони евра за 17 нови проекти кои започнуваат со реализација во втората половина на 2025 година
  • Бесплатен оброк за учениците од прво до трето одделение
  • Бесплатна униформа за сите 6000 ученици во основното образование за новата учебна
  • година 2025/26
  • Помош и нега во домот, медицинска сестра во заедницата и отворање на Центар за дневен престој за стари лица за активно стареење
  • Стипендии за студентите, награди за учениците и еднократна финансиска помош за секое новороденче

„Оваа Локална власт, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, работеше и ќе продолжи да работи посветено за Прилеп и исклучиво во интерес на сите наши сограѓани! Заедно ја враќаме гордоста на нашиот град, Прилеп повторно е симбол на развој, достоинство и иднина!“, вели Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци