
Погледнете го целиот годишен концерт од КУД „7 СЕПТЕМВРИ“ од М. Брод кој се одржа вчера по повод патрониот празник на ова Културно уметничко друштво. Друштвото брои 80-тина членови поделени во различни групи и категории, а во состав на културно уметничкото друштво функционира и оркестар.
Членовите на КУД „7 Септември“ се претставија како со народни ора повеќе карактеристични за Поречкиот крај, така и со народни песни. А интересно беше што освен песните и ората се претставија и неколку народни обичаи. Радува фактот што Македонски Брод е регион каде огромен дел од младите ја почитуваат македонската народна песна, фолклор и традиција.
Инаку КУД „7 Септември“ постои од 1981 година, а ова е датумот кога М. Брод се ослободил од фашистичкиот окупатор.