Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Убеден сум дека со досегашното искуство кое го има Дејан Проданоски и како пратеник, претходно како претседател на Совет, но и многу значајно како претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, заеднички ќе соработуваме во периодот пред нас и ќе ги реализираме проектите кои се ветени, но и доста кои не сме ги ветиле а ги планираме за следниот период, истакна министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, кој беше присутен вечерва на промоцијата на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Дејан Проданоски.
„Ние со Дејан се познаваме доста долго, сметам дека е одлично решение, сметам дека е една нова свежина за градот и дека е нов импулс кој ќе покаже како може да се води градот и сум убеден дека ќе има неколку мандати, дека нема да заврши на еден мандат, така што имаме човек и за третата, но и за четвртата деценија на 21 век во Прилеп, кој ќе даде идни резултати и секако резултати кои ќе го однесат Прилеп на едно друго ниво“, рече Николоски.