По 7 пат во Прилеп се одржа фестивалот Млеко – Гласот на сточарите чија што цел е промоција на малите земјоделски стопанства и јвина конекција со крајните купувачи кои добиваат, поефтин и далеку поквалитетен млечен производ од оној во маркетите. Со тоа се јакни македонската економија и нашето земјоделство.

„Многу ни е драго што во Прилеп се одрѓува по 4 пат и сакавме сточарите да бидат во фокус, бидејќи без нив нема да има см,исла стоката, би ни биле празни селата. И сакаме как0о Slow food да бидеме еден вид на мост помеѓу сточарите и институциите, и да им помагаме за подобро да можѓе да се снајдат во лавитинтите на институциите, но и да бидеме линк помеѓу сточаритем институциите и купувачите“, рече Тодорка Наумоска, претседател на Slow food Prilep.
„Интенцијата на Министерсвото за земјоелство преку финансирањето на ваквите организации и манифестации е да се промовираат домашните преработки и производи, да се промовира локалниот туризам, да се поддржуваат здруженијата кои постојат на ниво на држава, се со цел оваа промоција да добие една сериозна традиција во наредниот период“, истакна Цветан Трипуноски, министер за земјоделство.
„Самите гледате колку е збогатено, секоја година е се поголемо присуството, имаме поголем асортиман на производи од нашиот регион, каде што руралните места нудат здрава храна. Со ова ние влијаеме и врз ревитализирање на селата односно ги стимулираме да произведуваат што е можно повеќе нивни производи, посебен акцент ставаме на млекопроизводителите“, додаде Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.
Малите земјоделски стопанства и сточарите велат дека ова е одлична прилика да се промовираат нивните производи кои на овие саеми и фестивали може и да се пробаат од купувачите, со тоа се стекнува поблизок однос со граѓаните, се зголемива довербата помеѓу двете страни, а се има прилика и да се докаже дека нашите сирење може да одат рамо до рамо според квалитет со европските.
„Ова е прилика да ги презентираме нашите производи и поблиску да дојдеме до нашите купувачи и за откупувачите е шанса да купат производи по пониски цени, бидејќи купуваат од прва рака. И купуваат квалитет кој го нема во големите производствени капацитети, како што се големите млекари, таму има се, само нема млеко, кај е 100% млеко, сол и маја, друго нема ништо, никаква хемија“, кажа Љупчо Бабаноски, производител на сирење,
„Овој начин е доста добар за промоција затоа што населението не е добро запознато колку добра и квалитетна храна се произведува на нашите простори, ова е одлично нешто каде што може да се доловат вкусовите и начините на изработка на сирење и други производи“, додаде Даниел Мирчески, производител на сирење.
„Саемите многу ни помагаат за продажба за рекламирање, инаку цело производство го работиме традиционално со непастеризирано млеко, без додатоци и производот 90 дена го ферментираме, па го продаваме“, рече Дејан Ѓорѓиески, производител на сирење.
„На овие саеми излегуваш пред илјадита публика и секој кој што има проблем со продажбата би апелирал да дојде и да се промовира, Slow food е една од организациите кои се занимаваат со тоа и мислам дека од луѓе кои беа скриени и анонимни направивме интересни приказни, и мислам дека така и ќе продолжиме“, истакна Спасе Чакрески, производител на сирење.
„Овие саеми помагаат многу во развојот на туризмот и развојот на малите производитеи, фактички тие ни се ветар во грб, и ни помагаат за промоција, а поразлични се тоа што производите се правени рачно со повеќе љубов, не е индустриско производство, нема адитиви, нема хемија“, кажа Дамјан Гаврилоски, производител на месо и месни производи.
На платото кај Градскиот саат во Приелп се одржа и трибина со сточарите кои ги изнесоа своите видувања за тоа како може да се подобри овој значаен сектор кај нас.