Започна процес за заштита на македонскиот рубин кој го има единствено во Прилеп и Мариово

Започна процес за заштита на македонскиот рубин, геолошки уникат што се наоѓа единствено во Прилеп и Мариово и е единствениот рубин во Европа кој природно се вади и обработува. Рубинот што се вади во Македонија е и естетски уникат, познат е како корунд со карактеристична малиново-розева боја, која се јавува поради присуството на хром во неговата кристална структура.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Геолошкиот завод и Заводот за индустриска сопственост започнаа  институционален процес за заштита на рубинот за да се обезбеди официјален статус како заштитено национално минерално наследство.

„Македонскиот рубин, единствен по своето потекло и својства, заслужува институционална заштита и признавање како национално богатство. Ова е само почеток на поголем процес на заштита, вреднување и меѓународна промоција на македонското минерално богатство – како дел од националниот идентитет и нашата природна гордост“, рече министерката Сања Божиновска.

Тоа е единствен природен рубин во копнената Европа кој се обработува локално, заради што, покрај својата естетска и колекционерска вредност, е дел од културното и историското наследство на земјата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми